Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државата им излезе в пресрет на фирмите со блокирани сметки

Државата им излезе в пресрет на фирмите со блокирани сметки

Министерството за финансии увиде дека фирмите со блокирани сметки ќе се соочат со големи проблеми доколку им се забрани да ги плаќаат своите обврски на други начини како компензација, асигнација, цесија и превземање на долг и го одложи законското решение кое требаше да стапи во сила на 1 јануари 2019-та.

Дејството ќе биде одложено преку подготвени предлог измени на Законот за платниот промет во кои засега стои дека на 1 јануари 2019 година престанува можноста правните субјекти кои имаат блокирани трансакциски сметки да вршат плаќање со компензација, асигнација, цесија и преземање на долг.

Одложувањето ќе трае дополнително уште една година, со што правните субјекти со блокирана сметка до крајот на 2019 година ќе можат меѓусебните парични побарувања и обврски да ги намируваaт на други начини.


Слично

Поврзани вести