Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државата го осуди говорот на реисот Сулејман Реџепи

Државата го осуди говорот на реисот Сулејман Реџепи

Државата преку Коисијата за односи со верски заедници го осуди говорот на реисот Сулејман Реџепи кој на 14 март спомена „див народ без идентитет“ при кане темелникот на изградба на џамија во селото Арнакија.

- Во нашата држава се завршени времињата кога една личност, без разлика дели е верски челник,авторитет, политичар новинар може да го билда својот углед во општеството и давајќи дисквалификации со цел да провоцира одрена група а за тоа да има бенефит - изјави Даријан Сотировски, директорот на комисијата.

„Нам не ни пречи да градат цркви, но никогаш нема да молчиме кога не попречуваат во градењето на џамиите, кога не се одобрува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме никогаш. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со Господ напред дека ќе дојдат подобри времиња. Ние имаме народ и места секаде. Во село Лажец, Битолско, повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие со каков див народ живееме. Овие се безпримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика дека ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот, не се освестува.“ - рече поглаварот на ИВЗ.

Од ИВЗ за „24 Вести“ велат дека изјавата на Реџепи е извадена од контекст, и дека во ниту еден момент Реџепи не споменува „Македонци“, туку мислел на локални жители.

Говорот на реисот го осудија и небладините организации ЦИВИЛ и Хелсиншки комитет, кој патем поднесе и пријава против Сулејман Реџепи.

Слично

Поврзани вести