Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државата дава на колење 84 крави од Кривопаланечко кои ги залови АХВ

Државата дава на колење 84 крави од Кривопаланечко кои ги залови АХВ

Владата решила Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), чии вработени заловија дел од проблематичните крави во Кривополанечко, да ги продава на јавен оглас на кој ќе може да се јават регистрирани кланици и месарници, објави БИРН.

Одлуката е усвоена на вчерашната владина седница, откако АХВ не знаеше што да прави со говедата што ги одзеде од претходните неодговорни сопственици, кои со години пуштаа стотици (според проценките повеќе од 500) крави слободно да шетаат низ целата околина, а тие им правеа штети на жителите на повеќе села.

Од АХВ велат дека досега имаат фатено вкупно 84 крави кои сега ги чуваат во штала. Кравите ќе бидат прегледани и доколку се во ред, ќе го објават огласот во понеделник.

Слично

Поврзани вести