ДРУЖЕ СКРОЗ СИ ЈА ЗГРЕШИЛ СЛИКАТА ЗА НАС: Апасиев го одби Мицкоски за изборите
„И, кога после се, идат анкетите пред локални избори - гледа дека без Левица нема победа, па си вели, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам“ - ова е дел од коментарот на Димитар Апасеив во кој одговара на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој вчера во телевизиско гостување изјави дека ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразат оваа, како што рече, неспособна владеачка гарнитура, треба да се приклучат кон опозициски фронт кој го води ВМРО-ДПМНЕ.
„Мицкоски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини опозицијата!?
Мицкоски во реалноста договара легализација на дивоградби со Заев во четири очи, во корист на урбаната мафија; аминува фингиран попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија; ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ); прифаќа етницитет во лични карти, коо да сме Руанда; прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса); малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање).
Види вака друже. Скроз си ја зрешил сликата за нас.Политичкото рацио на Левица не е да донесе некој на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане власт напишал Апасиев на фејсбук.
Според Мицкоски обединет опозициски блок буквално, како што рече, ќе го растури ова тенко владино мнозинство, а тоа го покажувале и истражувањата на јавното мислење.
„Левица рече на изборите ќе одат само со листи за советници и ако одат така може да разговараме за мнозинство во општините во советите, а претходно може да разговараме за поддршка за кандидати за градоначалници на опозицијата, без разлика од кои партии дали ќе се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива или заеднички“, кажа Мицкоски.
Слично
