Економија, финансии, бизнис

Контакт

Друштво со име кое го слави пушењето марихуана ќе одгледува медицински коноп

Друштво со име кое го слави пушењето марихуана ќе одгледува медицински коноп

Компанијата која во своето име го содржи датумот кој стана светски познат како ден за активности за легализирање на марихуаната, но и часот 4:20 како симбол во културата на пушење марихуана, ќе биде ново друштво од Македонија кое ќе може да произведува медицински коноп.

Со одлука на владина седница, компанијата Друштво за производство, трговија и услуги МЕДИЦАЛ 420 увоз-извоз ДОО Битола за вршење на дејност одгледување на коноп за медицински цели.

Според владиното соопштение друштвото МЕДИЦАЛ 420 ги има исполнето потребните услови и критериуми и ќе се приклучи на пазарот за медицинска марихуана во Македонија која засега се користи само за производство на масло од канабис, но не и друг вид на препарати или можни употреби за терапија во различни дијагнози.

Слично

Поврзани вести