Другарката на Фросина гневна: Судиите ти простија, ама има суд кој не заборава
Емотивен статус на социјалните мрежи напиша другарката на Фросина Цветковска која беше прегазена кај Универзална сала.
Во нејзините зборови се чувствува гнев поради намалената казна на Љубиша Видојевиќ кој првично беше осуден на 6 ипол години.
Одлуката на апелација од страна на најблиските и на оние кои таа кобна ноќ беа со Фросина е дочекана со голем гнев.
„Денес, Фросина ќе беше дипломиран инжинер, гордост на нејзините родители, а ти и го одзема тоа. Затоа јас никогаш нема да ти простам, а себеси нема да си простам што никогаш не успеав да соберам храбост да те прашам зошто ја остави на тој ладен асвалт и замина. Судот ти простил, но ти цел живот ќе ги носиш солзите на нејзината мајка на својот грб, не заборавај постои суд кој не заборава, суд во кој делото не застарува, суд кој не простува. Тој суд не можеш да го потплатиш, не можеш да го убедиш со тие лажни солзи. Ти уби човек. А јас додека сама поминувам, те гледам како седиш и пиеш кафе со твоите другари, а мене ти ми го одзема тоа право. Денес јас сама пијам кафе додека гледам во сликата од нејзиниот гроб. А знаеш колку ми е тешко да ја напишам реченицава, а да не ја избришам по стоти пат? А случаите како овој на Фросина за жал се се почести во нашата држава, во кои неславни глумци, како ти глумаат fast&furious низ Скопските улици. Ете толку вредеше тој младешки здив кој згасна таа ноќ, кога ти се реши да ја пробаш спортската кола на другарот твој“, пишува на Фејсбук Исидора Јакимовска. Целиот статус може да го прочитате овде.
Ти не застана.
Ти беше пијан.
Ти возеше пребрзо.
Ти денес си осуден на 3 годишна затворска казна.
Ти се шеташ слободно.
