Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРУГАРИТЕ СО СВЕДОШТВА: Како Ангела сакала да го втурне Пино во проблеми

ДРУГАРИТЕ СО СВЕДОШТВА: Како Ангела сакала да го втурне Пино во проблеми

„Ми изгледаше чудно што Ангела не сакаше да помогне да го најдеме Пино...Ангела го викаше Пино на тепачка, и требаше кола за да стави некоја девојка во гепек...“ - вака гласат дел од сведоштвата на сведоците за свирепото убиство на Пино Секондо дадени денес во суд.

Блиските другари и пријатели со кои Пино дружел велат дека второобвинетата Ангела сакала да го втурне во проблеми, но Пино не подлегнал таа ноќ кога му било роденден.

Обвинетата, како што кажаа сведоците го барала Пино вечерта на неговиот роденден со необично барање.

Таа, сакала да се пресмета со некои девојки и имала потреба од автомобил за да стави во гепек некоја личност.

Сепак, Пино , како што посочил сведокот, го одбил ова барање на Ангела со образложение дека нема пари да оди во Ѓорче а и не сакал да влегува во проблеми.

Ангела упорно се правела наудрена кога другарите ќе ја прашале за исчезнувањето на Пино, а по некое време еден од сведоците близок до Пино дури и го блокирала од сите можни комуникации, при што таквото нејзино однесување на еден од другарите на Пино му било доста чудно.

Дел од сведоците се распрашувале и кај луѓе кои ја познаваат Ангела, за тоа каква личност е таа, а она што го добиле како одговори е за чудење...таа била девојка подогтвена на се, па дури и на убиство а често била и во друштво на девојки кои конзумирале психотропни супстанци.

Слично

Поврзани вести