Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дрога скриена во поштенски пратки со ДВД ЦД-а, приведен државјанин на САД

Дрога скриена во поштенски пратки со ДВД ЦД-а, приведен државјанин на САД

Царинската управа спречила обид за нелегален внес на дрога во земјава преку поштенски пратки кои пристигнале од Франција, информираат од институцијата.

Според Царинската управа, пратките биле наменети за лицето Ј.Е., државјанин на САД, а во нив имало ДВД ЦД-а. По претходна разузнавачка царинска информација, царинските службеници извршиле контрола со скенер во Царинската испостава Пошти, при што била забележана сомнителна содржина.

На местото бил повикан мобилен царински тим и царинско куче. По дополнителна проверка со специјална опрема, било утврдено дека во четири пратки се наоѓа наркотична дрога. Пронајдени биле 12,5 грама метамфетамин, 20 грама МДМА и 8 грама кокаин.

Случајот потоа бил предаден на Одделението за истраги. По налог на јавен обвинител, инспектори за спроведување истраги го привеле лицето Ј.Е. во моментот на примопредавање на пратката.

Извршен бил и претрес во домот каде што лицето живеело со сопругата. При претресот дополнително биле пронајдени две стаклени шишенца со зелена растителна материја со интензивен мирис, две стаклени лулиња за пушење марихуана и 33 ампули тестостерон.

Пронајдената дрога е одземена и испратена на вештачење. Од Царинската управа најавуваат дека против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Слично

Поврзани вести