ДРОГА СЕ „ДИЛАЛА“ ВО ПРОДАВНИЦА ЗА ХРАНА ЗА МИЛЕНИЦИ - двајца скопјани обвинети за нелегална трговија
Скопјанецот кој продаваше дрога во продавница за домашни миленици се соочува со кривично дело. Од Основното јавно обвинителство Скопје соопштуваат дека по спроведена истражна постапка, до надлежниот суд поднеле обвинителн акт Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
- Во првиот случај, 32-годишен скопјанец e обвинет, бидејќи на 3 февруари, во продавница за производи за домашни миленици неовластено држел наркотична дрога и психотропни супстанции – вкупно 90,68 грама марихуана, 11,4 грама амфетамин во грутчеста и прашкаста форма, 85 таблети 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА), како и дополнителни 24,09 грама од таа психотропна супстанција. При претресот биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол - посочуваат од ОЈО.
Од Обвинителство исто така посочуваат дека за истото дело се терети и 29-годишник кој на 4 февруари, на улицата „Методија Митевски“ во Скопје, како сопатник на задно седиште во автомобил, неовластено пренесувал 507,4 грама наркотична дрога – марихуана, во поголема ќеса. При претрес на возилото, полициски службеници ја откриле и ја одзеле дрогата наменета за неовластена продажба.
- Оценувајќи дека и натаму постојат основите заради кои на двајцата обвинети им беше првично определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на притворската мерка - вела од ОЈО.
