Дритон Небиу: Нема градежни машини од „Трансмет“ за продажба
Дритон Небиу, новиот директор на Агенцијата за управување со одземен имот, најави рззврска со имотот на „Трансмет“ на бизнисменот Сеад Кочан, но во вестите за „Телма“ рече дека сепак нема недвижен имот, односно градежни машини од случајот „Труст“ кои би се понудиле за продажба.
- Тука се изненадив од некои предмети што не се веќе довршени од страна на Агенцијата, не знам каде бил застојот, а сега испитуваме. Јас како директор превземав брзи чекори и јавноста да ја знае вистината. Во имотот нема ниту еден движен имот, односно машини, камиони и итн., рече Небиу.
Изминатиот период медиумски прстот беше вперен во Државното правобранителство, каде што наводно некој го „штити“ имотот на Кочан.
Бизнисменот следната година излегува од затвор, а во пресудата требаше да има заплена на имот од 17 милиони евра, односно онолку колку што изнесувал делот на „Трансмет“ во нерегуларниот ископ во тендер за АД ЕСМ.
