Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРИСЛА: СЛОБОДАТА НА ГОВОР ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА - Подметнатиот пожар беше изгаснат од вработените и пожарникарите

ДРИСЛА: СЛОБОДАТА НА ГОВОР ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА - Подметнатиот пожар беше изгаснат од вработените и пожарникарите

Во врска со дезинформациите објавени изминатите неколку денови во дел од медиумите и особено на социјалните мрежи за депонијата Дрсла, Ве известуваме дека ЈП депонија Дрисла е единствена санитарна депонија во државата која работи согласно А – интегрирана дозвола и своите работни активноси ги извршува согласно сите законски прописи за управување со отпад и заштита на животната средина. Истовремено е под целосна контрола и мониторинг од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

Ова го истакнуваат од Јавното претпријатие во нивното соопштение испратено денеска, по објавите на социјалните мрежи и низ медиумите дека депонијата гори и од неа се шири густ црн чад, за кој жителите од околината стравуваа дека е канцерогенен. 

- Апелираме правото и слобода на говорот и јавното информирање да не се злоупотребува за ширење на лажни вести и невистини по социјалните мрежи од страна на група луѓе кои го доведуваат во заблуда и паника локалното население дека депонијата Дрисла ги загрозува животната средина и здравјето на луѓето, како што се случи денес во раните утрински часови, со подметнатиот пожар на депонијата Дрисла.

Ситуацијата е ставена под контрола од страна на вработените на Дрисла со помош на пожарникарски служби, пожарот е изгаснат и претпријатието продолжува со редовни активности - се додава во соопштението.

Од претпријатието исто така посочија дека од страна на полицијата направен е увид и записник. 

- Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство детално да го истражат случајот и сторителите да бидат најдени и соодветно казнети, а против лицата кои шират лаги и дезинформации за депонијата Дрисла, од страна на претпријатието ќе бидат покренати соодветни постапки - се додава на крајот од соопштението.

Фото: МИА

Слично

Поврзани вести