Дрисла се пофали, но се уште ја нема новата печка за медицински отпад
Депонијата „Дрисла“ сè уште ја нема новата печка за согорување на медицински отпад, која според претходните пофалби, требаше да биде набавена уште пред половина година. При промовирање на филтерот на постојната печка лани во април, беше речено дека старата печка нема да се користи за согорување опасен отпад.
Во меѓувреме на социјалните мрежи има интензивни критики поради дефектот на филтерот кој од денеска не е во функција.
Одложувањето според директорот на „Дрисла“ Горан Ангелов вели дека одложивањето се должи на решението да не се купува печка туку стерилизатор, што е посовремена технологија кој треба да пристигне на пролет.
„Станува збор за најсовремени светски трендови за третман на медицински отпад. Не го гори отпадот, туку го стерилизира, неутрализира и го претвора во комунален отпад. Со тоа не се испуштаат никакви штетни честички во воздухот. Стеризиларот ќе се набави од италијанско-белгиска фирма и чини околу 1,3 милиони евра“, вели Ангелов за СДК.
