Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРИСЛА ПОВТОРНО ГОРЕШЕ - пожар на нова локација на депонијата, покрај гаснењето паралено се затрупувало

ДРИСЛА ПОВТОРНО ГОРЕШЕ - пожар на нова локација на депонијата, покрај гаснењето паралено се затрупувало

Нов пожар настанал ноќеска на депонијата Дрисла, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. 

Тој посочи дека пожарот бил пријавен синоќа пред 23.00 часоти како што укажува „повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла“. 

Пожарот кој настанал не е поврзан со местото каде имаше пожар пред неколку дена, и како што посочува Ангелов, новиот пожар е на сосем друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови. 

По добиените дојави за ново жариште, на терен веднаш биле испратени екипи, кои освен со гаснење на пожарот морало да интервенираат и со затрупување на површината. 

- На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машинити кои веќе беа таму сонтоа брзо пристигнаа нивните возачи. 

Еден час подоцна пожарот беше изгаснат и затрупан со што беше спречено ширење на огнот во главнината на депонијата - објаснува Ангелов. 

Покрај овој пожар, во текот на ноќта пожар бил предизвикан и во сервис за возила пред Пинтија, во кој намерно се запалени повеќе автомобили. 

На социјалните мрежи веќе се споделуваат и видеа од потпалувачот како истура течност врз возилата и потоа ги запалува. 

За среќа и овој пожар, по два часа борба бил целосно изгаснат.

Што се однесува пад до Дрисла, пред само неколку дена беше предизвикан пожар, кој според надлежните е предизвикан намерно. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук/Архива

Слично

Поврзани вести