Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРИСЛА И ПОНАТАМУ ГОРИ - активни пожари има на повеќе локации

ДРИСЛА И ПОНАТАМУ ГОРИ - активни пожари има на повеќе локации

Вкупно 29 пожари на отворен простор се евидентирани низ државава утрово до седум часот, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има на депонијата Дрисла во општина Студеничани, кај село Никуштак во општина Липково, село Булачани во општина Гази Баба и кај село Татеши и населбата Еленкамен во општина Струга.

Под контрола се пожарите во општините Берово и Струмица. Кај село Русиново, опожарени се дабова, букова шума и папрат. Во село Куклиш опожарена е депонија. 

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести