Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДРИСЛА Е ВО ИСКЛУЧИТЕЛНО ЛОША СОСТОЈБА“: Ѓорѓиевски ќе ја транформира по примерот на европските центри за третман на отпад

„ДРИСЛА Е ВО ИСКЛУЧИТЕЛНО ЛОША СОСТОЈБА“: Ѓорѓиевски ќе ја транформира по примерот на европските центри за третман на отпад

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес учествуваше на конференција посветена на зелените работни места во Македонија, организирана од австриската амбасада во Скопје. Настанот се одржа по покана на амбасадорот Мартин Памер, а присуствуваа и заменик-министерот за економија Марјан Ристески, заменик-шефот на делегацијата на ЕУ Бен Нупнау и аташето за социјална грижа Харолд Бреза.

Во своето прво јавно обраќање на меѓународна конференција по преземањето на функцијата, Ѓорѓиевски нагласи дека создавањето зелени работни места и управувањето со отпадот се меѓу најважните предизвици за Скопје и државата.

„Скопската депонија Дрисла е во исклучително лоша состојба. Ќе се залагаме таа да се трансформира по примерот на современите европски центри за третман на отпад. Само така ќе создадеме еколошки и економски одржлив систем,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека е клучно воведување на систем за селектирање на отпадот, како и подобро искористување на рециклирачките суровини, потенцирајќи дека искуствата од Австрија и ЕУ можат значително да помогнат на Македонија да ги усогласи своите практики со европските стандарди.

Ѓорѓиевски потсети и на позитивните локални примери: поставување контејнери за селекција на стакло, пластика и хартија, машини за рециклирање пластични шишиња во училиштата, како и можноста за плаќање паркинг со собирање шишиња.

„Создавањето зелени работни места не е само еколошко, туку и економско прашање. Тоа е шанса за иднината на Македонија,“ порача градоначалникот на Скопје.


Слично

Поврзани вести