Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДРЕСИРАН МАЈМУН МОЖЕ ПОДОБРО“: Најчевска распали по пратениците „Примаат плата за притискање копче, НИТУ ЕДНАШ НЕ ДИСКУТИРАЛЕ ВО СОБРАНИЕ“

„ДРЕСИРАН МАЈМУН МОЖЕ ПОДОБРО“: Најчевска распали по пратениците „Примаат плата за притискање копче, НИТУ ЕДНАШ НЕ ДИСКУТИРАЛЕ ВО СОБРАНИЕ“

Професорката Мирјана Најчевска иако се повлече од партијата, поради лошиот изобрен резултат, во свој стил, без влакно на јазик и понатаму со остри критики кон владините претставници и собраниските пратеници. 

Овој пат, со оглед на актуелноста на апанажата и промената на народните избраници во собрание, Најчевска со посебно внимание ги објави имињата на пратеници кои иако поминаа пет години во Собранието, никогаш досега не зборувале во него, ниту на пленарните седници, ниту пак во работните тела. 

Поради оваа причина, таа вели дека „исто па и многу подобро може да направи дресиран мајмун“. 

- Има една интересна интернет страна (https://www.sobranie.mk/mojot-pratenik.nspx). На неа може да се види активноста на секој од пратениците во Собранието. Колку бил присутен пратеникот на седниците, колку пати дискутирал на пленарна седница или на работно тело. Со други зборови дали го правел она за што е избран и платен од граѓаните.

Може да се види дека голем број пратеници ниту доаѓаат на седници, ниту пак дискутираат. Едноставно примаат плата за притискање на копче (што исто па и многу подобро може да го направи и дресиран мајмун). - напиша Најчевска на Фејсбук.

Но, професорката не застана тука, напротив направи анализа кој од народните избраници изминатиов период воопшто не дискутирал во Собранието, а бара апанажа или плата поради заминување од Собранието како издршка дур најдат нова работа, но и колку од албанските пратеници никогаш не зеле збор, а се борат албанскиот јазик да е се поприсутен во Собраниет. 

- Ги погледнав пратениците кои во моментов бараат апанажа и меѓу нив има многумина кои во рок од една година ниту еднаш (читај НИТУ ЕДНАШ) не дискутирале ниту на пленарна седница ниту на работните тела. На пример: Абдула Салиу, Мирослав Јовановиќ, Ремзи Мехмеди, Лазе Таневски, Исмаил Јахоски, Мухамед Кадриов, Емилија Рамбабова.

И има нешто интересно во врска со пратениците од албанската етничка заедница. И покрај големата желба да бидат дел од Собранието, да се зборува на албански јазик во Собранието и да се применуваат правилата на Бадентер, тие не го користат Собранието како место за расправа и презентирање на ставовите на албанската етничка заедница.

Еве на пример во рок од една година Изет Меџити, Африм Гаши, Мендух Тачи, Али Ахмети, Зијадин Села, ниту еднаш (читај НИТУ ЕДНАШ) не дискутирале ниту на пленарна седница ниту на работно тело.

Толку од демократијата и највисокото тело во една демократска држава - пишува Најчевска.

Еве ја нејзината објава:


Очекувано, нејзината објава предизвика лавина од рекации:


Слично

Поврзани вести