Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драстично намален бројот на пријавени гласачи за партиските избори на СДСМ

Драстично намален бројот на пријавени гласачи за партиските избори на СДСМ

СДСМ в недела избира нов претседател, а списокот на пријавени гласачи е заклучен на вкупна бројка од 22.735 членови.

Тоа е драстично помалку во споредба со претходните избори за партиски лидер по пат на непосредно гласање од страна на членството, со оглед дека при изборот на Зоран Заев како единствен кандидат во 2021 година беа регистрирани 68.999 членови.

Вкупно 22.735 активни членови на СДСМ се регистрирале за да гласаат на внатрепартските избори за нов лидер на партијата. Ова денеска го истакна претседателката на ЦИК за избор на претседател на СДСМ и поранешна заменик-министерка, Викторија Аврамовска-Мадиќ.

- Немаме потреба да се вратиме на бирање на претседателот по стариот статут бидејќи членовите веќе еднаш одлучиле да вршат избор. Бројот на активно регистрирани или тие кои што покажале интерес за гласање, во моментов е помал бидејќи, не мораме да се лажеме, дел од нашето членство се одлеаа во новоформирана партија и имаме членови кои биле разочарани. Сепак, тоа не значи дека тие нема да се вратат. Ќе дојде период кога ќе сфатат дека вистинските политики и демократијата ќе продолжат да се негуваат и ќе можат да останат дел од СДСМ, кажа Аврамовска Мадиќ во емисијата на „Слободен печат“.


Слично

Поврзани вести