Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драстично ќе пораснат трошоците за земање кредити?

Драстично ќе пораснат трошоците за земање кредити?
Ако се прифатат најавените измени во Законот за проценка ќе дојде до забавување на кредитирањето и раст на проценките на хипотеките за кредит сметаат банкарите. Според нив, граѓаните ако сега за проценка плаќаат еднократно, кога ќе се усвои новиот закон ќе треба да плаќаат секоја година. Така ако за стан од 60 квадрати проценката е еднократна од 2000 до 2.500 денари, со законските измени ќе стигне до 150.000 денари. За Ѓорѓи Јанчоски, претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, клиентите ќе го извечат подебелиот крај. „ Банките нема да можат да ја вршат проценката со своите вработени, а крајната цена ќе ја платат потрошувачите, односно нашите клиенти. Просечните цени што ги имаат банките се далеку пониски, а услугата се врши многу побрзо“, смета Јанчоски. Претходното решение функционира од 2010 година. „Целта е кога се прави закон тој да биде поефикаен од претходниот“, велат од Здружението.
Слично

Поврзани вести