Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАСТИЧЕН СКОК НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД: Четвртиот бран зема замав

ДРАСТИЧЕН СКОК НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД: Четвртиот бран зема замав

Сконаа бројките на новозаразени со ковид во светот. Но, скокнаа и кај нас. Чевтриот бран очигледно зема замав, а во последните 24 часа бројките покажуваат 588 нови случаи на коронавирус од тестирани 5.780 примероци.

Во истиот период, пријавени се осум смртни случаи од последиците од коронавирусот и закрепнување на 26 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Северна Македонија, тестирани се 1.033.882 примероци и 159.269 заразени.

Бројот на оздравени пациенти е 150.613, бројот на смртни случаи е 5.521, а бројот на активни случаи е 3.135.

Четвртиот бран на корона вирусот и се повеќе доминантниот сој-делта се заканува да ги погоди најсилно. Лекарите предупредуваат дека Делта и кај младите луѓе прави разорни дејства на белите дробови, бубрезите, мозокот, крвните садови.

Споредбата помеѓу првиот и последниот сој најдобро покажува колку побрзо ќе се шири вирусот за време на четвртиот бран. Едно заразено лице со „вухан“ варијантата заразува уште две, додека во случај на делта сојот, тој број е од пет до седум други лица

Слично

Поврзани вести