Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАСТИЧЕН ПОРАСТ НА БАРАЊАТА ЗА ПОМОШ ОД ГРАЃАНИТЕ - Иако најавен, снегот и силниот ветер направија пустош низ Македонија

ДРАСТИЧЕН ПОРАСТ НА БАРАЊАТА ЗА ПОМОШ ОД ГРАЃАНИТЕ - Иако најавен, снегот и силниот ветер направија пустош низ Македонија

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека согласно пристигнатите информации од граѓаните и од институциите од Системот за управување со кризи (СУК), на територијата во државата заради саботните нагли зимски временски прилики со дожд, снег и ветер (иако најавени) при што имаше проблеми во сообраќајот, немаше пожари на отворено, туку само во населени места, во саботата имаше вкупно 2.037 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, речиси двојно од просекот, а веднаш наредниот ден нешто повеќе од просекот или 1.690. 

- Иако вкупниот број на повици за итни случаи се намали, има пораст на бројот на повици за решавање итни случаи преку ЦУК. Конкретно, во саботата имаше 30,05 проценти повици упатени кон ЦУК од реалните итни повици за комбинирано решавање, што е за трипати повеќе од највисокиот вообичаен просек, а вчера имаше за четирипати повеќе од највисокиот вообичаен просек од повици упатени кон ЦУК - 41 отсто. Тоа секако се податоци, иако на дневна основа, што овозможуваат увид и анализа на оптовареноста и подготвеноста за одговор пред, за време и после „кризни пикови“ што истовремено ја покриваат речиси целата територија на државата, на ЦУК, а секако и на другите институции, претпријатија и служби од СУК. „Реални“ повици за итни случаи биле 45,09 отсто, а 54,91 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни - посочуваат од ЦУК. 

Од таму додаваат дека со примањето на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни повици службите коишто се за итно интервенирање, а се решаваат и тие што се за комбинирано решавање, а не само за ангажман на една служба, институција. 

-  Кон Полицијата биле упатени 26,55 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 26,84 проценти, кон пожарникарите биле упатени 5,01 отсто, а кон АМСМ 0,59 проценти. Кон Центарот за управување со кризи имало 41 отсто „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 54,91 проценти, „неитни повици“ биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК - прецизираат од оваа институција. 

Слично

Поврзани вести