ДРАМАТИЧНА НОЌ ВО КОМУНАЛНА ХИГИЕНА - директорката Мазнева викнала Полиција за да ги натера работниците да го соберат сметот
Тензична ноќ била претходната, а драмата се случувала во просториите на Скопска комунална хигиена. Директорката Косана Мазнева викнала и полиција за да ги натера работниците кои штрајкуваат да го соберат сметот од Скопје, објави ТВ 21.
Инаку, ова се случува бидејќи група вработени трет ден одбиваат да работат, со образложение дека Мазнева не им ги продолжила договорите на стотина работници. Мазнева вчера изјави дека оние на кои не им ги продолжува договорите со години се неработници, а дел од нив и воопшто не доаѓале со години на работа, ангажирани со договор преку партиски врски.
Дел од вработените се солидаризираа со оние на кои им престанаа договорите и ги оневозможуваат и другите работници да работат. Така било и синоќа кога работниците од трета смена биле спречени да ја завршат работата, по што диркеторката повикала полиција.
Фото: Принтскрин Тв 21
Слично
