Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМАТИЧНА ИЗЈАВА НА ТАТКОТО НА ВАЊА: На два света сум, чекам разрешница па да одлучам дали ќе ѝ се придружам на постарата ќерка

ДРАМАТИЧНА ИЗЈАВА НА ТАТКОТО НА ВАЊА: На два света сум, чекам разрешница па да одлучам дали ќе ѝ се придружам на постарата ќерка

Драматично беше денеска во Врховниот суд. Особено внимание предизвика делот од изјавата на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, дека само чека разрешница на случајот, па да одлучи дали ќе и се придружи на постарата ќерка. 

„Поделен сум на два света, едно дете ми зедоа, другото ми е тука. Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, туку сакам само да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет“, рече Ѓорчевски на денешната јавна седница пред Врховниот суд, која се однесува на жалбата што тој ја поднесе во врска со продолжениот притвор

Владиир Туфегчиќ, адвокат на Ѓорчевски, во образложението зошто бара укинување на притворот за Ѓорчевски, нагласи дека одлуката на Апелацискиот суд Скопје е во спротивност со Европската конвенција за чоевкиови права.

„Речиси четири месеци трае притворот, а нам не ни е дадена барем една индиција дека обвинителството има основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело“, рече адвокатот.

Надлежната обвинителка од државното Јавно обвинителство кажа дека Апелацискиот суд донел јасно и недвосмислено решение за продолжување на притворот.

„Истрагата е во тек со вештачење на телефонските разговори и затоа се уште постоои основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично делчо – грабнување. Притворениот може да влијае врз сведоците, затоа што нема гаранција дека иако тие се испрашани, нема подоцна да ги сменат изјавите пред судечкиолт судија“, кажа обвинителката Наталија Тасевска.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. 

Слично

Поврзани вести