ДРАМАТА МЕЃУ АРСОВСКА И ГАНИУ ПРОДОЛЖУВА: Тој и истури ѓубре пред град Скопје, таа дојде да го бара, но тој исчезна!
Продолжува драмата помеѓу градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Во доцните часови, ноќеска, Ганиу организирано со камиони и со граѓани, заминаа пред Град Скопје каде истурија ѓубре пред влезот на градот.
Набрзо, на местото се појави градоначалничката, Данела Арсовска, која на присутните им бараше телефонски број од Ганиу за да го повика да дојде и нагласи дека во општина Чаир го чекала 4/5 часа.
Слично
