Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драма за 5-мина охриѓани – иако платиле станови, може да останат на улица!

Драма за 5-мина охриѓани – иако платиле станови, може да останат на улица!
Во неизвесност живеат пет охридски семејства кои и покрај тоа што целосно си ги исплатиле становите, може да останат на улица. Градежната фирма „Трудбеник“ која им ги продала становите има долг од 7,5 милиони денари кон Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор. Откако цела година не успеала да си ги наплати побарувањата, Агенцијата преку извршител ги запленила становите, затоа што тие се уште се воделе во сопственост на градежното претпријатие! Станарите сега не можат да извадат имотни листови. Од Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор признаваат дека граѓаните не се виновни, но сепак доколку градежната фирма Трудбеник не приложи друг имот, становите ќе бидат одземени. „Наша тенденција не е овие граѓани да останат без дом. Но, ако градежната фирма Трудбеник не го наплати долгот во висина од 7,5 милиони денари, во кој не се пресметани и каматите, претпријатието ќе пристапи кон заплена на становите за кои сопствениците се уште немаат имотен лист“, вели директорот на Агенцијата Цветко Грозданов. Тој вели дека единствено отстапка е можна доколку „Трудбеник“ понуди цврсти гаранции дека во одреден временски период ќе го плати долгот. Овие станови биле единствениот имот кој во моментот се водел на задолжената градежна компанија. Инаку агенцијата за станбен и деловен простор има поднесено тужби против 800 правни и физички лица во вредност од над 5 милиони евра.
Слично

Поврзани вести