Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драма во Желино: Жителка со вила успеала да спречи киднапирање на дете

Драма во Желино: Жителка со вила успеала да спречи киднапирање на дете

Драма во Желино. Триесет и деветгодишен жител на село Палатица, општина Желино, во полиција пријавил дека додека вчера наутро со автомобил го носел својот 14-годишен син кон училиштето во селото, бил извршен обид за насилно одземање на неговото дете.

Според она што го кажал З.И. во полиција, во еден момент патот му го попречил автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Од возилото излегле четири непознати лица кои се обиделе насилно да го внесат неговиот син во нивниот автомобил.

Во тој момент излегла нивна соседка држејќи вила во раката, по што лицата побегнале во непознат правец. 

Од МВР кажаа дека полицијата презема мерки за расчистување на настанот.


Слично

Поврзани вести