Драма во Шутка: Го претепал семејството на девојката со која избегал
Триесетина минути по полноќ во Единицата за информации и
команда Скопје, 42-годишниот Д.Ш. од Куманово пријавил дека околу 20 часот во населба Шуто Оризари, се одвивала
драма.
Според информациите од МВР, Д.Ш. пријавил
дека околу 20.00 часот во населба Шуто Оризари, тој и неговото семејство биле
физички нападнати од Б.Џ. (22) од Скопје и уште неколку непознати лица.
Д.Ш. претходно договорил средба со Б.Џ., со кого претходно побегнала неговата
ќерка Е.Ш. (19). Кога стигнал со неговото возило „Голф 3“ со кумановски
регистарски ознаки, заедно со неговата сопруга З.Ш. (39), неговиот брат Ш.Ш.
(40) и неговиот 17-годишен син, го забележале Б.Џ. со повеќе непознати лица.
Тој веднаш почнал да го удира Д.Ш. со дрво и му нанел телесни повреди во
пределот на главата и телото.
Во врска со овој настан, во Полициската станица Чаир, Р.А. (61) од Скопје пријавила дека околу 19.40 часот дошле лицата Б.Џ., Б.Д. (50) и Е.С. (27), сите од Скопје, и со секира и дрвена палка ја скршиле влезната врата и го нападнале нејзиниот внук Е.Ш.
Д.Ш., Ш.Ш. и З.Ш со страна на Итна медицинска помош биле
пренесени во Градската општа болница „Св. Климент Охридски“, додека Е.Ш. бил
однесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
