Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драма во паркот во Чаир: Возрасно лице полово нападнал 15-годишник

Драма во паркот во Чаир: Возрасно лице полово нападнал 15-годишник

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој полово нападнал 15-гпдишник во паркот во скопски Чаир. Малолетникот сепак успеал да го затвори во еден од влезовите во околните згради и да повика полиција.

„На 24.08.2024 година, во парк во населбата Чаир, обвинетиот извршил други полови дејствија врз дете кое во тој момент имало наполнети 15 години. Започнал да го допира детето, но тоа му ја фатило раката и се заканило дека ќе повика полиција. Во тој момент обвинетиот се обидел да избега и да се скрие во влез од зграда. Детето ја затворило вратата од влезот и повикало полиција која го привела обвинетиот“, објасни ОЈО Скопје.

На напаѓачот му е одредена забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот.


Слично

Поврзани вести