Драма во Охридско езеро, невремето ги остави без функционална едрилица, па викале полиција
Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата
- На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош, објави МВР.
Полициски службеници со службен глисер се упатиле на наведената локација и четирите лица се безбедно пренесени во полициската станица кај каналот „Студенчишта“.
Безбедно е извлечена и едрилицата на која, поради лошите временски услови со силен ветар и бранови, дошло до кршење на крмениот лист, по што, лицето кое ја управувало едрилицата, изгубило контрола врз пловниот објект.
Слично
