Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМА ВО КОЧАНИ: Прободен продавач за една кутија цигари

ДРАМА ВО КОЧАНИ: Прободен продавач за една кутија цигари

Од МВР информираат дека триесет и шестгодишен кочанчанец бил прободен со нож затоа што не  дал цигари без пари на напаѓачот.
Утрово околку 7 часот, на улицата “ВМРО“ во Тобако центар во Кочани, дошол 41-годишниот С.Ф. од Кочани и од вработениот Д.П. (36) побарал да му даде цигари без да плати, но откако бил одбиен, го нападнал со нож и му нанел убодна рана во пределот на ногата.
Вработениот во контактибилна состојба од страна на униформирани полициски службеници бил пренесен во Општата болница Кочани каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Напаѓачот С.Ф. е лишен од слобода и е приведен во ПС Кочани. Во консултација со ОЈО Кочани на сторителот ќе му биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело – “ убиство во обид“ по чл.123 вв чл.19


Слично

Поврзани вести