ДРАМА ВО КИСЕЛА ВОДА - Прво ја нападнал со нож, а потоа и ја запалил старата мајка
Вистинска драма се случувала вчера попладне во скопската населба Кисела Вода на улицата „Сава Ковачевиќ“. Син, чие ментално здравје било нарушено, со нож ја нападнал неговата стара мајка, а потоа и ја запалил, но за среќа, соседите го изгаснале пожарот.
„На 21.02.2020 во 16,23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(47) од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15,40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите. Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР во својот билтен.
