Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драма во казино во Битола, тепал доктор од брза помош што сакал да му помогне

Драма во казино во Битола, тепал доктор од брза помош што сакал да му помогне

Основното јавно обвинителство Битола бара притвор за лице кое во битолско казино удрил доктор ид брза помош со тупаница додека овој сакал да му помогне. Потоа нападнал и полицајци откако бил пренесен во битолската болница.

„На 29 јуни, во казино во Битола, осомничениот најпрво нападнал доктор од итната медицинска служба кој му давал лекарска помош. Го удрил со тупаница и му нанел телесна повреда. По укажувањето на медицинската помош, осомничениот бил пренесен во ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде исто така давал активен отпор да биде третиран, па била повикана и полициска асистенција. Кога пристигнале двајцата полициски службеници, осомничениот 28-годишник и нив ги нападнал, ги удирал повеќе пати и им се заканувал“, објави Обвинителството.

Бидејќи постои опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.


Слично

Поврзани вести