Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМА ВО ЧЕГРАНЕ - гостиварски обвинител бил прободен со нож во грбот, сега е во болница на скопските клиники

ДРАМА ВО ЧЕГРАНЕ - гостиварски обвинител бил прободен со нож во грбот, сега е во болница на скопските клиники

Драма се случувала утрово во село Чегране, гостиварско. Имало обид за убиство на гостиварски јавен обвинител, и тоа со нож во грбот. Обвинителот сега е во Скопје во болница, но за среќа неговиот живот е спасен. 
Од ОЈО денеска информираат за настанот, но не даваат детали зошто дошло до обид за убиство на обвинителот.
„Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.

Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.

Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот“, се вели во кусото соопштение од Обвинителството.

Слично

Поврзани вести