Драма на Шар Планина со српски планинари
Група од 19 планинари од Србија речиси цел ден биле изгубени на Шар Планина одејќи кон врвот Љуботен. Главна причина за незгодата на српските државјани е маглата во која не можеле да се снајдат како и одењето по патека која не е забележана.
За среќа во планинарскиот дом имало и македонски планинари кои тргнале во потрага на нивните српски колеги и по речиси 5 часа успеале да ги пронајдат. Потоа заедно се вратиле во планинарскиот дом иако биле многу истоштени.
Слично
