Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драма на Евзони: Невреме предизвика дефект во електроснабдувањето и прекин на работата на граничниот премин

Драма на Евзони: Невреме предизвика дефект во електроснабдувањето и прекин на работата на граничниот премин

Синоќа околу 21 часот на граничниот премин Евзони се случил сериозен прекин на работата, како последица на невреме, јавуваат патници кои биле на преминот. Според нивните сведоштва, гром го погодил системот за снабдување со електрична енергија, што предизвикало колапс на целата инфраструктура на граничниот премин.

„Агрегатите не успеваат да ги напојуваат сите уреди, системот постојано паѓа и ситуацијата станува сè полоша“, велат очевидци. Иако дел од системот имал стабилно напојување, патниците останале без интернет и со голема неизвесност за продолжување на патувањето.

Многу возила биле пренасочувани кон Дојран, а туристите на преминот се соочиле со дополнителен хаос поради веќе големиот притисок од летната сезона и воведувањето на новиот шенгенски систем за биометриска регистрација.

Состојбата сѐ уште не е официјално потврдена од надлежните, но очевидците предупредуваат дека колони и повеќечасовни чекања на Евзони синоќа станале неизбежни.


Слично

Поврзани вести