Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драма кај Марков манастир, жена се давела заглавена во река со паднато дрво над неа

Драма кај Марков манастир, жена се давела заглавена во река со паднато дрво над неа

Жена која излетувала кај Марков манастир од јужната страна на Водно можела да се удави откако дрво паднало врз неа и не можела да се ослободи од трупецот додека била заглавена во Маркова река.

Вчера во 15:35 часот било пријавено дека позади Марков Манастир до Маркова Река има повредено женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лицето В.С. (55) од Скопје.

Таа со нејзиниот син Д.С. (25) седела до Маркова Река. Околу 14:30 часот почнало да врне и дува силен ветар, при што паднало дрво врз В.С. и таа паднала во реката. Од страна на нејзиниот син и други граѓани дрвото било тргнато, а В.С. била извадена до реката.

Поради здобиените повреди таа била префрлена во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести