Драконска казна за гигантот Гугл: Трета од неколку милијарди за две години
Антимонополските регулатори на ЕУ му изрекле казна на Гугл во висина од 1,49 милијарди евра поради злоупотреба на доминантната позиција во онјан огласувањето.
Тоа е трета казна за американската компанија во последните две години, наведува агенцијата Ројтерс.
Регулаторните органи на ЕУ минатата година го казнија Гугл со рекордни 4,34 милијарди евра бидејќи својот оперативен систем андроид го користел за блокирање на ривалот.
Тоа следеше по казната од 2,42 милијарди евра од 2017та година изречена на таа компанија поради злоупотреба на доминантната позиција на пазарот.
Слично
