Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАГО МИ Е ШТО ИМАВ МОЖНОСТ ДА СОРАБОТУВАМ СО НЕГО КОГА ГИ РЕШАВАШЕ НАЈТЕШКИТЕ ПРАШАЊА - Филипче му се заблагодари на Заев

ДРАГО МИ Е ШТО ИМАВ МОЖНОСТ ДА СОРАБОТУВАМ СО НЕГО КОГА ГИ РЕШАВАШЕ НАЈТЕШКИТЕ ПРАШАЊА - Филипче му се заблагодари на Заев

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, по изборот за нов претседател на СДСМ, доцна синоќа, после полноќ се огласи на социјалната мрежа фејсбук, заблагодарувајќи му се на поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, за, како што вели приликата да соработува со премиерот во време на решавање на најважните и најтешките прашања во земјата.

„Му благодарам на досегашниот претседател Зоран Заев за честа и довербата која ми ја укажа да бидам потпретседател на СДСМ. Особено ми е драго што имав можност да соработувам со него во време кога ги решаваше најважните и најтешките прашања во нашата земја. Тој е лидер од кого многу може да се научи за грижата, посветеноста и љубовта кон татковината.

Честитки за изборот на Димитар Ковачевски, му посакувам успешна работа и многу победи за партијата. Верувам дека има знаење и мудрост да се справи со сите предизвици и да го обедини членството“, напиша министерот Филипче на фејсбук.


Слично

Поврзани вести