Драги Рашковски пресметува по колку оштета треба да им се плати на осудениците од „Сопот“
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, неговиот заменик, Тахир Хани и претставници на Државниот правобранител ја повлекле од дневен ред точката на последната владина седница на која требало да биде утврдено колкава компензација како оштета треба да им се плати на обвинетите од случајот „Сопот“, кои беа ослободени по долги години затворска казна, објави Алсат.
Предогот бил повлечен од дневниот ред под оправдување за дополнителни консултации со други институции, во овој случај со Министерството за правда. Извори на Алсат М информираат дека Владата побарала информации за секое од екс-осудените лица за тоа колку дена минале во затвор, притвор и куќен притвор. Од Управата за извршување за санкции потврдиле дека се собираат податоци за секое лице и веднаш штом ќе се сумираатт, ќе ги испратат до Министерството за правда.
Владата преговара со оштетените од „Сопот“ за спогодба околу обештетувањето со цел да се избегнат судски трошоци. Осудените поднесоа тужба против државата по одбивањето на побарувањето за надомест од страна на Минитерството за правда. Државното правобранителство, заради избегнување на судски трошоци, опбара договор меѓу Владата и поранешните осуденици во случајот на Сопот. а предожи на секое лице одделно да му се плати по 5.500 денари за секој ден минат лишен од слобода.
Одлуката на специјалното јавно обвинителство да ги прогласи за невини осомничените лица во случајот „Сопот“ ја отвора дилемата околу висината на отштетата што треба да им ја исплати државата за повеќегодишното служење на затворската казна.
