Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драги Рашковски бара да му го вратат пасошот

Драги Рашковски бара да му го вратат пасошот

Eкс генералниот  секретар на Владата, Драги Рашковски бара од Кривичниот суд да му го врати пасошот. Тој му е одземен откако му е укинат притворот.

Барањето Рашковски го изнел на денешното судско рочиште, на кое се читаа пораки што си ги праќале обвинетите во случајот „Софтвери“. Неговото барање доаѓа во пресрет на сезоната на летни одмори.

Рашковски го гонат за злоупотреби при набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци. Откако му беше укинат затворскиот притвор, во февруари Апелацискиот суд на Рашковски му го укина и домашниот притвор и му ја прифати гаранцијата од 192.000 евра.

Слично

Поврзани вести