Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАГИ НАШИ ПОЛИТИЧАРИ, ИМАЈТЕ МИЛОСТ - доволно се вашите препукувања, ајде еднаш мирно да празнуваме!

ДРАГИ НАШИ ПОЛИТИЧАРИ, ИМАЈТЕ МИЛОСТ - доволно се вашите препукувања, ајде еднаш мирно да празнуваме!

Може ли да помине празник во оваа држава, во кој граѓаните ќе бидат оставени на мира од политичарите - да го прослават и да поуживаат во неколкуте слободни дена што ги имаат? Секако дека не, барем според досегашните наши искуства.

Така беше и денеска.

Се чини дека во оваа држава како секојдневно, и не само тоа, туку и секој час, да сме принудени да ги читаме и слушаме нивните инетења, пораки, отворени писма...

Па едниот рече, па другиот возврати, па третиот реплицираше...

А и ние новинарите, пак, неуморно пренесуваме кој рекол и кој што дорекол, чиниш којзнае колку луѓево ги интересираат нивните мудрости токму сега, вечерва спроти Илинден.

Но и било кој друг ден. 

Дека немаме други проблеми во светов и во државава, дека не е на прагот четвртиот бран кој знае да нападне и по вакцинираните, дека целата светска наука не знае како да одговори на ова зло што ја снајде планетава.

Па корупција, па партизираност, па конфликти, ниски плати..., нешта кои досега и двете „завојувани“ гарнитури не успеаја да ги доведат во ред.

Притоа, не навлегуваме во тоа дали едните или другите и за која тема конкретно, се во право или во криво. 

Само има денови кога е едноставно е доста од препукувањата и од разијдувањата.

Затоа драги наши политичари, ајде малку помирно да празнуваме!!!

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести