Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драги Георгиев и Ангел Димитров во Софија заедно со Ковачевски и Петков

Драги Георгиев и Ангел Димитров во Софија заедно со Ковачевски и Петков

Претседателите на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров и Драги Георгиев, денеска се заедно во Софија во рамките на меѓувладината седница на македонската и бугарската влада предводени од премиерите Димитар Ковачевски и Кирил петков.

Бо рамките на официјалната посета на владината делегација на Македонија на Бугарија денеска присутни се и двајцата историчари предводници на мешовитиот комитет.

- Би сакал и да се заблагодарам и на историската комисија, двајвцата претседатели се тука, тие кажаа дека ќе ги забрзаат работните активности, потврди Ковачевски во Софија.

И бугарскиот премиер Петков додаде дека очекувањата во наредниот период се многу поголеми од оваа комисија.

- Професорите се подготвени со нова енергија да влезат во заеднички конструктивен дијалог и постигнување на реални резултати, додаде Петков, кој порача дека историската комисија ќе се сретнува интензивно и дека се надева на брзи резултати.


Слично

Поврзани вести