Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драган Миновски, кој е новиот директор на ЕЛЕМ?

Драган Миновски, кој е новиот директор на ЕЛЕМ?

Д - р Драган Миновски професионалната кариера ја започнува како помлад соработник во Министерството за економија. По завршување на докторските студии во Република Словачка, во 2009 година се враќа во Македонија и ја продолжува својата професионална кариера во ТЕ-ТО АД Скопје. Паралелно е и вонреден професор на Електротехничкиот Факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Главни подрачја на неговата научна преокупација се: производството на електрична енергија, обновливите извори на енергија, како и пазарите на електрична енергија и природен гас.

Кој е Драган Миновски, новиот генерален директор на ЕЛЕМ. Д-р Миновски Драган  е роден на  4 Февруари 1980 година во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот  факултет  во  Скопје,  насока  електроенергетика  во  2004  година. 

Од 2005  година,  како  стипендист  на  Словачката  и  Македонската  Влада,  заминува  на постдипломски студии во Република Словачка, на словачкиот технички Универзитет во Братислава на Факултетот за Електротехника и Информатички Технологии. Во  2009  година  успешно  ја  брани  докторската  дисертација  на  тема:  "Влијанието  на обновливите  извори  на  електрична  енергија  врз  системските  услуги  во електроенергетскиот  систем  и  функционален  модел  на  пазар  на  системски  услуги  и регулациона  енергија  во  Република  Македонија"  -    Истражувања  на  Словачкиот  и Македонскиот електроенергетски систем. Течно говори англиски, словачки и чешки јазик. Професионалната кариера ја започнува како помлад соработник во Министерството за економија на Република Македонија во периодот од јули 2004 до Август 2005 година. По завршување на докторските студии во Република Словачка, во 2009 година се враќа во Македонија и ја продолжува својата професионална кариера во ТЕ-ТО АД Скопје каде најпрво работи како проект инженер при градба на електраната, а по нејзиното пуштање во  употреба  продолжува  да  работи  како  водечки  аналитичар  за  купопродажба  на електрична енергија, топлинска енергија и природен гас. Од 2015 до мај 2017 година е комерцијален директор во ТЕ-ТО АД Скопје. Паралелно  од  2011  до  2015  година  е  ангажиран  како  доцент  на  Електротехничкиот Факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, а од 2015 година до мај 2017 година е избран  во  насловно  звање  вонреден  професор.  Од  Јуни  2017  година,  својата професионална кариера ја продолжува на Електротехничкиот Факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, каде е избран за Вонреден професор. Главни подрачја на неговата научна преокупација се: производството на електрична енергија, обновливите извори на енергија, како и пазарите на електрична енергија и природен гас. Автор е на преку 30 стручни и научни трудови кои биле објавени во земјата и странство, како и коавтор на повеќе студии објавени во Република Македонија и Република Словачка. Се очекува Миновски да има одлични контакти со Комесарот за енергетика во ЕУ, кој воедно е и заменик на Јункер, а тоа е  словакот Марош Шефчовиќ. Миновски е оженет со Александра Миновска со која има две деца.

Р.Ф           

Слично

Поврзани вести