ДРАГАН КОВАЧКИ ПРЕКУ ФЕЈСБУК ВО ОДБРАНА НА МИЦКОСКИ - бугарските портали ја искривуваат сликата, тоа беше учтивост, а не поклон кон Борисов
Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека бугарските портали ја извртуваат сликата од средбата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и лидерот на бугарската ГЕРБ Бојко Борисов на самитот на Европската народна партија во Валенсија.
Ковачки вели дека бугарската страна ја боли тоа што Македонија веќе не коленичи пред бугарските барања и дека, како што објави „им недостастува Заев“.
„Кога ќе ја видиме насловната страна од бугарски портал со зборовите „Мицкоски со длабок поклон пред Борисов“, првата мисла е неспорна, колку всушност им недостасува Заев. Да не се лажеме, ова е уште една евтина, намерно исечена и тенденциозно интерпретирана фотографија, направена со јасна цел: да се претстави гест на учтивост како покорност.
Според Ковачки ова не е првпат да биде дискредитиран премиерот на Македнија и тоа зброува за „туѓите планови“.
„И секој пат кога се обидуваат вака ниско да го дискредитираат премиерот, само потврдуваат дека Мицкоски е проблемот за нивниот долгогодишен план на асимилација. Нека си прават монтажи, нека си прават илузии – Македонија ќе оди напред. А тие, како што рековме, ќе си останат тоа што се“.
