Драган Ковачки откако не успеа да стане пратеник: СДСМ никогаш не може да го победи ВМРО-ДПМНЕ
Полковникот Драган Ковачки упати коментар во јавноста откако не успеа да стане пратеник, односно ВМРО-ДПМНЕ не успеа да освои доволно гласови за тој да се најде во Собранието, со тврдење дека СДСМ никогаш не би ја победила најголемата опозициска партија без гласовите од други партии.
„ВМРО и покрај напред кажаното, е убедлив победник кај македонскиот народ, а СДСМ без албански гласови од БЕСА или друга партија не може никогаш да го победи ВМРО (тоа го видовме и на претседателските и на овие избори).
Раководството на СДСМ прави лажна еуфорија дека победиле само заради внатрешна консолидација иако се свесни дека немаат поддршка кај Македонците. И тука не мислам само кај гласачите на ВМРО, туку и на помалите македонски партии кои за волја на вистината на овие избори одработија во полза на СДСМ и ги откинаа десните гласови кои традиционално се гласови на ВМРО. Меѓутоа, во демократско општество секој има право на политичка понуда и право да бира и да биде биран“, напиша Ковачки во дел од својот статус на Фејсбук три дена по одржувањето на параментарните избори.
Ковачки при формирањето на техничката влада на почетокот од годината беше предложен од опозицијата да биде технички министер за внатрешни работи, но тоа не беше прифатено затоа што станува збор за униформирано лице, по што функцијата ја превзеде Наќе Чулев.
