Драган Ковачки - технички министер за внатрешни работи
Алсат дознава дека нов министер за внатрешни работи ќе биде Драган Ковачки. Станува збор за професионалец за безбедност. Тој потекнува од редовите на АРМ, учествувајќи во многу мировни мисии. Исто така учествувал во многу мисии на НАТО.
Неговото име треба да биде официјално соопштено по средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и премиерот Зоран Заев во Владата.
Ковачки треба да го превзеде МВР на 3 јануари и да ја извршува функцијата во наредните 100 дена, односно до предвремените парламентарни избори.
Слично
