Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драган Бјелогрлиќ четири дена не се капел поради мојата книга: Интервју со др. Неле Каралјиќ

Драган Бјелогрлиќ четири дена не се капел поради мојата книга: Интервју со др. Неле Каралјиќ

Приказната на романот „Солунска 28“ е возбудлива, филмска, торогателна и весела, жива и на моменти надреална. Слично животно искуство има нејзиниот автор, др. Неле Карајлиќ, фронтменот на бендот „Забрањено пушење“, еден од авторите и главните ликови на култната „Топ листа на надреалистите“. Сараевчанец кој од војната во Босна живее во Белград, Неле го зема за мотив токму Белград на почетокот од дваесетиот век и зборува за куќата во улицата „Солунска 28“ во населбата Дорќол, каде што неговиот прадедо навистина имал куќа, а дејствието го води судбината на двете семејства која се преплетува. Со Неле муабетевме на штандот на „Арс Ламина“, која е издавач на македонското издание, а беше промовирано сношти на Саемот на книгата. „Арс ламина“ е издавач и на првата книга на Карајлиќ, автобиографскиот бестселер „Фајорнт во Сараево“. Со Неле муабетот оди лесно и низ насмевка, а секој одговор е дел од неговата животна приказна. За новиот роман, тој ја доби високата книжевна награда „Момо Капор“. Книгата ја спореди со неговата песна „Пишоња и Жуга“ и откри дека за неа би снимил и филм, ако се најде некој кој ќе го финансира.   

* Книгата „Солунска 28“ ја посветивте на вашите родители. Имаат ли главните ликови, чесниот Живота и итрата Боса доприни точки со нивните карактерни особини? 

- Не во буквална смисла. Но, кога ги креаирам ликовите секогаш имам особина од некого кој е таков или онаков. Живота ја има добрината на мојот татко. А сето останато може да е само слично. Мојата мајка е испреплетена во карактеристиките на останатите женски ликови.

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

Слично

Поврзани вести