Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Драг Дедо Мраз, без прашања годинава, си имаме готови одговори“: Макрадули со посебна предновогодишна објава

„Драг Дедо Мраз, без прашања годинава, си имаме готови одговори“: Макрадули со посебна предновогодишна објава

Претставникот на опозициската СДСМ, Јане Макрадули, денеска во стилот на предновогодишните празници, на социјалните мрежи објави писмо насловено до Дедо Мраз - измислениот лик кој им ги исполнува желибите на малите деца. 

Во свој стил, Макрадули преку писмото кое е адресирано од Дедо Мраз иронично ја критикува актуелната владина политика и потезите на премиерот. 

Еве го целиот негов пост: 

Драг Дедо Мраз,

За разлика од другите, јас верувам во чуда, а и во тебе, нереален, ама тука и моите гласачи исто така веруваат во нереални работи. Плус, и јас сум од север, како тебе. Само за ова меѓу нас, јас на моите им ветив дека нема да го користам терминот “северна”.

За поклони не мора ништо, си имам буџет, дури и папаја у зима имаме, за друго нешто имам молби неколку…

Ако го знаеш колегата од Брисел, види дали може нешто со субвенциите да се направи? Ни ги замрзнаа, не дека е ладно, туку малку моите се опуштија …

Чисто од љубопитност, види некаде мазут да не има? Да, тој, мазут што загадува. Моите се заиграа, па не испланираа баш на време и сега малку криза, што знае дете што се 50 тони, зема и увезува…

Меѓу другото, кога леташ, види таа една милијарда евра за загадување што им ја ветив, да не е заглавена во некој снег. Не унгарската, друга е ова. Унгарската, зошто испрана, некако брзо ни клизна низ рацете.

Не знам дали знаеш, ние сме трета економија у Европа, а за да бидеме први, има еден талог кој треба да се исчисти.

Да нема недоразбирање, не е од кафе талог, туку тоа се луѓе кои размислуваат со своја глава, за нив популизмот е непристоен, а ПР-от е без ефект за граѓаните. Тие ја сакаат земјата во ЕУ, и тој талог мора да се покрие со твоја помош Дедо Мразе.

Уште нешто…Види и некаде некој лек за тешки муабети да не најдеш. Иљач некој, било каков, зошто у теретана не можам да се сконцентрирам.

И за крај…

Драг Дедо Мразе,

слободно прескокни со критичка мисла. Кампањиве одлично функционираат и без неа. Не ни носи разум, ќе ни ги расипе слоганите.

Ако имаш место во вреќата, стави уште некој аплауз плус. Мислењето ни е веќе вишок.

Без прашања годинава, те молам, си имаме готови одговори. Задржи ги фактите, со нив не се прави добар ПР.

Донеси и тишина, така политиката е најстабилна.

И ако имаш нешто од тебе за некого да оставиш, остави го кај мене, зашто има некои кои ја примаат, ама не знам дали и ја читаат пораката.

Професорот…


Слично

Поврзани вести