Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д.Р ПАНОВСКИ: Не купувајте го тоа ѓубре. Не ги богатете криминалците. Државата со прст не мрдна да не заштити

Д.Р ПАНОВСКИ: Не купувајте го тоа ѓубре. Не ги богатете криминалците. Државата со прст не мрдна да не заштити

Доктор Никола Пановски, повторно на Фејсбук ги предупреди граѓаните да не наседнуваат на реклами за производи кои тој наводно ги рекламира.

„ Почитувани, само да ве потсетам на тоа што го објавив пред 8 месеци. Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име, мојата слика покрај некој производ, се е тоа злоупотреба, ако има интервју, тоа е изнислено. Не купувајте го тоа ѓубре. Не ги богатете криминалците. Државата со прст не мрдна да не заштити. Злоупотребата продолжува. Купувајќи таков производ, бидете свесни дека дел од вашите пари одат и за подмитување на оние кои веќе ги плаќаме преку Буџетот да не заштитуваат, како награда што не не заштитуваат“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести