Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДПМНЕ ГО ПРЕЗЕДЕ БИЗНИСОТ СО ИСТОРИСКИОТ КРИМИНАЛ НА БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Левица со нови обвинувања

„ДПМНЕ ГО ПРЕЗЕДЕ БИЗНИСОТ СО ИСТОРИСКИОТ КРИМИНАЛ НА БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Левица со нови обвинувања

Поранешен советник и партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминалот со фирмата за надзор над „Бехтел и Енка“ – истиот проект што Мицкоски додека беше во опозиција го нарекуваше историски криминал и „ПЉАЧКА на народот“ и ветуваше дека ќе го расчистува.
Ова го посочуваат денеска од Левица, повикувајќи се на истражување на „360 степени".
- Истражувањето откри дека во сопственичката структура на поранешната „Електра Солушнс“ (денес преименувана во „Аксион“) без никаков финансиски надомест влегол БОЈАН САВЕСКИ - поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром и претседател на месен комитет на партијата. Истата таа фирма, која јавноста ја памети како фирмата за долна облека доби милионски удел во надзорот над „Бехтел и Енка“.

Потсетуваме дека токму Христијан Мицкоски во 2023 година тврдеше дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе се позанимава со тендерот за супервизија и надзор, а подоцна изјавуваше и дека лично ќе се занимава со овој случај. Но денес, наместо истрага и одговорност, Обвинителството јавно се жали дека МВР НЕ ПОСТАПУВА по наредбите за предметот поврзан со надзорот над „Бехтел и Енка“ - укажуваат од партијата.

Потоа додаваат дека очигледно, проблемот за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил криминалот со „Бехтел и Енка“. Проблемот бил што тогаш тие не биле дел од шемата со ПРОВИЗИИ. 
- Затоа и после две години мандат на владата на Мицкоски, за историскиот криминал со ,,Бехтел и Енка" не само што нема одговорност - туку нивни структури стануваат дел од овој криминал.

Додека Мицкоски говори дека владата се задолжува заради хаосот што го наследиле од претходната криминална власт - јасно е дека ДПМНЕ и СДСМ со секоја промена на власт си ги АМНЕСТИРААТ милионските криминали, а цехот го плаќаат осиромашените граѓани - се укажува во нивната обајва


Слично

Поврзани вести