ДПА ја осуди „играта“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
ДПА по подолго време излезе со свој став за донесената сеалбанска декларација која тие не ја потпишаа, а сега ја осудуваат „играта“ на судир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како лажна и претходно договорена.
„Тоа што се случува овие денови во однос на заедничката декларација на албанските партии за жал морам да кажам дека оваа заедничка Декларација секој ден го смалува бројот на барања кои беа во таа декларација, а се плашиме дека понатаму ќе испадне дека партиите потписнички на декларацијата, ќе кажат дека ете, претеравме со барањата кон ВМРО и на крајот ќе се бара на ова декларација да се додадат дополнителни точки од програмата и платформата на ВМРО за кои ќе кажат дека ќе се залагаат да ја спроведат. Во врска со реакцијата на ВМРО мислиме дека е долгогодишна игра на овие две партии, ВМРО и ДУИ.“ – изјави Беким Фазлиу.
ДПА денеска разговараше за подготовка на вонреден Конгрес откако претседателот Мендух Тачи си поднесе оставка поради слабиот резултат на изборите.
